fbpx

Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема пари за поголеми плати со ребалансот! Наместо горди работници како што ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе имаме понижени работници.

ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата нивна политика на евтина работна сила, каде работниците секогаш се на последно место.

Од друга страна, Мицкоски им товари нови долгови на граѓаните со скапи и неповлни кредити од Унгарија.

Овие погрешни погрешни политики и економски утки водат кон заголемување на долгот од над 68% и огромен буџетски дефицит покачен за 35%.

ВМРО-ДПМНЕ целосно го урива финансискиот систем граден со години, воведува должничко ропство и ги понижува работниците.

30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најлош почеток на било која Влада досега.,

Ветуваа планини и долини а ништо не испорачаа.

Последни вести