fbpx

СДСМ зборува за факти, Владата сама соопшти дека го именувала Ељези, под притисок го повлече

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фатени во сопствените лаги прес службата на Владата на Мицкоски се демантира самата себе.

Во владино соопштение до медиумите од 24 јули, самата Влада соопшти дека Ибрахим Ељези е именуван за в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес, каде се наведни и други назначувања, како и она на Јанески.

Тоа соопштение го имаат сите медиуми и денешната реакција на истата прес служба дека не бил именуван е смешна.

Впрочем врз основа на ова Владино соопштение медиумите и ја пренесоа веста за неговото именување.

Зарем денеска Владата на Мицкоски сака да каже дека медиумите сами си ја измислија вест?

До толку несериозно, неодговорно однесување од Владата со потценување на јавноста и на медиумите досега не е забележано.

Ете до каде може да оди ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што си правеле пиши-бриши на соопштенијата под притисок на јавноста Владата треба да одговори дали и реално значи дека Владата е пишман и за други одлуки?

Кое друго име е избришано од најавените назначувања за директори?

Ова е класична криминална кадровска политика.

За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања.
Немало досега Влада со толку лош почеток, со толку кадровски промашувања.

Последни вести