Соопштение за јавност
Првиот амандман, кој имаше за цел да обезбеди дополнителна поддршка од 200 милиони денари за производителите на пченица преку Интервентниот фонд, беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука директно ги загрозува земјоделците кои се соочуваат со ниски откупни цени и ја доведува во прашање посветеноста на Владата кон стратешки важната култура пченицата.
Вториот амандман на СДСМ, кој предвидуваше дополнителни 2 милијарди денари за авансна исплата на субвенции за 2024 година, исто така беше отфрлен. Оваа мерка, која имаше за цел да им обезбеди авансна и навремена финансиска поддршка на земјоделците, беше игнорирана ВМРО-ДПМНЕ, покажувајќи ја нивната рамнодушност кон потребите на земјоделците.
Третиот амандман, кој се однесуваше на обезбедување на финансиски средства за непречена имплементација на ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмите, беше исто така одбиен. Оваа одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што ги загрозува тековните проекти, туку и ризикува да предизвика финансиски загуби за земјата поради потенцијални пенали од Европската комисија.
Ваквото однесување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека не е заинтересирана за поддршка на земјоделците, ниту за одговорно искористување на европските фондови. Нивните постапки ги загрозуваат економската стабилност на земјоделците и ја спречуваат модернизацијата и развојот на земјоделскиот сектор во земјата.