fbpx

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не го менува фактот дека Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделцитe и земјоделството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ преку владата што ја предводи, посветено работи на развој на земјоделството и затоа продолжува да шири лажни вести преку кои се обидува да ги манипулира земјоделците.
Не само што не постои никакво кратење како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, туку има и значително зголемување на земјоделскиот буџет, кој со сите фондови, обезбедува преку 160 милиони евра за земјоделството. Во нив спаѓаат и ослободената јапонска помош од шест милиони евра, пет милиони евра европски пари за мали системи за наводнување, како и 20 милиони евра за продолжување на проектот Јужновардарска долина. Сето тоа се средства од кои земјоделците ќе имаат директни придобивки.

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја промени фактичката состојба дека за првпат по подолг период има неселективно исплаќање на субвенциите коишто земјоделците ги добиваат навремено, во период кога им се најмногу потребни.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата со земјоделството бидејќи со погубните политики го уништи земјоделството, го погази трудот на земјоделците, а во периодот од 2006 до 2017 година, Македонија двојно го зголеми увозот на храна, со што стана неконкурентна земја, зависна од увоз.

Земјоделците ги чувствуваат придобивките од успешните политики во земјоделството на Владата предводена од СДСМ, којашто заедно со ресорното министерство продолжува да работи отчетно, одговорно и посветено во интерес на граѓаните.

Скопје, 03.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести