fbpx

Став на Претседателот Венко Филипче по однос на најавите на Мицкоски за дестабилизација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес.

Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи.

Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на било какви форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чуствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата.

https://www.facebook.com/share/p/z3mi5WibitCrXVd8/

Последни вести