Соопштение за јавност
Неверојатно е на што е спремна Владата на Мицкоски да постави неквалификувани кадри. Мицкоски е решен по секоја цена да си постави блиски луѓе па откако ќе сфати дека не поминуваат во јавноста, ги повлекува.
Благодарение на притисокот на СДСМ и јавноста, уште еден таков кадар Афрона Вервизоли, ќе биде повлечен. Но, очигледно Мицкоски нема да се откаже од овој начин на именување кадри.
За него и ВМРО-ДПМНЕ број еден приоиртет е послушноста и партиската припадност, а квалификациите изгледа се на последно место. Токму оваа политика ги обесхрабрува граѓаните и професионалците кои ја губат довербата во институциите и бараат работа надвор од државата. Не е ни чудно што Владата е катастрофа, со ваква кадровска политика не може повеќе да се очекува.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека институциите се место за вдомување на партиски кадри. Тие никогаш не научија дека пред се тие луѓе треба да им служат на граѓаните.