fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да ги провери фактите, институциите постапуваат, случајот се расчистува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ целосно се загуби во своите промашени политики на манипулации и лажни вести, па веќе не знае ниту што зборува, ниту што прави со што уште една докажа дека опозициската партија го има загубено својот политички курс.

Наместо да шират лажни вести и да се обидуваат да профитираат на лични трагедии, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги проверат фактите коишто покажуваат дека институциите постапуваат кон целосно расчистување на случајот со малолетната жртва.

Како што целокупната јавност е информирана, надлежните институции ги преземаат сите расположливи мерки за расчистување на овој случај, утврдување на лична и институционална одговорност, како и мерки за идна превенција. Како што информираше Министерството за труд и социјална политика, освен работата на Центарот за социјална работа на Град Скопје, се испитува и работата на Заводот за згрижување на деца со вопитно – социјални проблеми и нарушено поведение, истовремено се подготвуваат кривични и прекршочни пријави против одгвоорните лица, а сите сознанија се доставуваат и до Основното јавно обвинителство.

За жал, овој случај е директна последица од децениското партизирање и уништување на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога државните институции наместо со професионалци беа преплавени со неспособни кадри, партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 21.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести