fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го понижуваше трудот на земјоделците, Владата предводена од СДСМ ја зголеми помошта за оризопроизводителите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто за време на своето владеење ги понижуваше и малтретираше земјоделците, потценувајќи го нивниот труд, денеска лицемерно глуми загриженост за статусот на оризопроизводителите и земјоделците.

Преку Програмата за финансиска поддршка 2017 година, Владата предводена од СДСМ обезбеди дополнителна субвенција од веќепостоечката во висина од 18.000 денари за хектар површина со ориз. Оваа субвенција се однесува токму на реколтата за којашто ВМРО-ДПМНЕ денеска неосновано реагира. Освен зголемената субвенција за оризопроизводителите, активно се работи на пронаоѓање нови пазари и обезбедување непречен пласман на оризот. Со таквиот пристап, Владата предводена од СДСМ докажува колку се важни оризопроизводителите и сите земјоделци.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога земјоделците беа понижувани и малтретирани, а парите на граѓаните се трошеа за криминални тендери и лично богатење, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, а преку домаќинското и одговорно работење ја зголемува поддршката и помошта за земјоделците и ослободува повеќе пари за граѓаните.

 

Скопје, 07.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести