fbpx

Спасовски од Бутел: Донесовме сигурност, обновата почна пред три години кога го симнавме режимот од власт, имаат 4 години да се реформираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Носителот на листата за кандидати за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, вечерва се обрати пред граѓаните на скопската општина Бутел.

„Ја изведовме државата на патот што значи иднина сигурност и просперитет. Го срушивме режимот. Покажавме што значи визија и храброст, мудри и храбри одлуки. Воспоставивме едно општество за сите во кое што секој е важен. Тоа е ИЕ 2, Македонија во мало, покажуваме како треба за заеднички да живееме, тоа е концептот на сигурност. Овде сите заедно праќаме порака како треба заедно да се живее и работи. Овде кога говориме за „наш“ човек, говориме за човек кој се грижи за сите. „Наш“ е секој кој ги разбира маките и сака да најде решение, што може да разговара и во Старо Нагоричане и во Куманово и во Арачиново и во Липково и во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Ѓорче Петров. На другата страна ја имаме истата ВМРО-ДПМНЕ што ја држеше земјата во режим, крадеа, уценуваа. Тоа што го нудат денес е опасност е Опасност, враќање на режимот. Сакаат да `не вратат во мрачни времиња, сценарија и поделби. Немаат став. Креираа лажни вести. Правеа пропаганда. Наштетуваа на државата. Знаеме зошто го прават – има одговор, дали може да речат „ние нудиме да го вратиме режимот?“, рече Спасовски.

„Ние ги направивме вистинските чекори, донесовме вистински чекори. 30-та членка на Алијансата сме. Од држава во режим, за три години ја очекуваме првата меѓувладина седница за почеток на преговорите со ЕУ. Овој пат што го нудиме е сигурност, јасна визија што треба да направиме во следниот период. Ако можевме да влеземе во НАТО, можеме и во ЕУ, ако додека се справувавме со овие важни прашања, ги стабилизиравме институциите, можеме уште повеќе и уште подобро“, додаде Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ2, Спасовски посочи на вложувањата во здравството и во економијата изминатите три години, што помогна за успешно справување со здравствено-економската криза, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се рушеа институциите.

„Нудат обнова, но обновата почна пред три години кога го симнавме режимот од власт. Затоа треба да го допоразиме режимот и да им оставиме простор во следните 4 години да се реформираат, да бидат партија којашто кога е потребно за националните интереси, да застане зад граѓаните. Важно е оваа прогресивна опција да продолжи“, порача Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски како едно од поголемите вложувања во општината ја посочи изградбата на најголемата зграда за 300 социјални станови.

Последни вести