Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше и ги осиромашуваше граѓаните континуирано, со години, а парите ги трошеше на луксуз, споменици и богатење на поединци од оваа партија.
Затоа, наместо реална политика или издржана, аргументирана критика, денеска ВМРО-ДПМНЕ пласира само лажни вести.
Владата предводена од СДСМ преку одговорното работење со јавните финансии стратешки управува со долгот и ја стабилизира економијата.
Буџетските пари се користат за спроведување на мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и економски раст. Впрочем, овие економски политики ги потврди и Народната банка на Македонија којaшто како независно тело нотираше дека економијата се движи во нагорна линија и дека економската состојбата се подоборува.
ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека и јавниот и државниот долг во 2017 година бележат пад. Тоа е прво годишно намалување на јавниот и државниот долг од 2009 година.
Скопје, 02.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА