fbpx

Скандалите во безбедноста беа заштитен знак за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, институциите се професионализираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Безидејноста и немањето капацитет политички да созрее и да се промени ВМРО ДПМНЕ го потврдува со секојдневно пласирање лажни вести на прес конференции.

Лажните вести на ВМРОДПМНЕ за безбедносниот сертификат на полковникот Василевски беа јавно и категорично демантирани од страна на Министерството за одбрана, потврдувајќи дека не постоеле никакви пречки за полковникот да се стекне сопотребниот степен на доверливост.

Времето на скандали во безбедносните служби и праксата на одземање на безбедносните сертификати, заради нечие фаворизирање или елиминирање, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ останува доследна во своите заложби за професионализација и ослободување на институциите кои наместо за партиски, денес работат исклучиво во интерес на грѓаните и на Република Македонија.

Скопје, 02.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести