fbpx

Мерката „Маалски полицаец“ ја зголемува безбедноста на граѓаните и ја враќа довербата во полицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ, продолжува со остварување на предвидените мерки што беа дел од Планот за живот во Македонија и Програмата за работа на Владата.

Министерството за внатрешни работи започна со спроведувањето на мерката „Маалски полицаец“ односно активирање на позорната служба на полицијата.

Ова мерка ќе има исклучително значење во превентивното работење, зголемување на заштитата и безбедноста на граѓаните како и зајакнувањето на соработката помеѓу граѓаните и полицијата.

Со повторното активирање на полицајците позорникари ќе се зголеми безбедноста во населените места, ќе се зајакне борбата против криминалните појави во секое маало, со што ќе се зголеми и довербата во полицијата.

Маалскиот полицаец е вистински заштитник-пријател на граѓаните.

Проектот веќе се спроведува во Куманово, следува реализација во Битола и Штип, а ќе продолжи да се спроведува и во останатите градови во Република Македонија.

Во интерес на граѓаните, СДСМ преку Владата што ја предводи, останува посветена во спроведувањето на мерките што обезбедуваат слободни, професионални институции, квалитетен и безбеден живот за сите граѓани.

 

Скопје, 02.02.2018    

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести