Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се набават нови автобуси за ЈСП „Скопје“ . На денешната седница на Советот на Град Скопје, сите советнички групи гласаа „за“, а само советниците на ДПМНЕ не гласаа за одлуката, за набавка на нови автобуси.
Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ, и со ова уште еднаш покажаа дека не само што не им е грижа за граѓаните , туку продолжуваат да ги малтретираат граѓаните.
На Советот на Град Скопје, зборуваше советничката на СДСМ Љубица Јанчева, која им се обрати на советниците на ДПМНЕ.
„ Иако беше образложено зошто БРТ е најдобриот концепт за Скопје и тој не победи, ќе прашам, 250 автобуси кои ги ветивте каде се ? Бесплатниот јавен превоз каде е? Што е и со програмата за модерно Скопје, ја имате ли? Ако ја имате, зошто не ја реализирате? Она што ќе ви каже Мицко, вие само за тоа гласате„ рече Јанчева.
Линк до видео: