fbpx

Законот за јазици не е спротивен на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине политиките на поделби и изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се вклучи во демократските и реформските процеси треба да ги надмине политиките на деструкција, поделби и раздор помеѓу граѓаните, коишто се уште ги застапува и промовира.

Воопшто не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот. Напротив, тој е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со неговото усвојување не губи никој, туку сите добиваат, а со тоа најмногу добива Република Македонија.

Не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како единствен службен јазик и писмо на целата територија, во меѓународните односи, централната полиција, одбраната и монетарната политика.

Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија која се гради како едно општество за сите граѓани.

Цврсто веруваме во концептот на едно општество за сите во коешто граѓаните полесно ги остваруваат своите уставни права.

 

Скопје, 24.01.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести