Соопштение за јавност
Почитувани,
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски во свое и во име на СДСМ, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово Божиќ упати честитка до православните верници во Република Македонија, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан, и до членовите на Синодот.
„До сите православни верници, во мое и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатувам средечни честитки по повод големите празници Бадник и Рождество Христово Божиќ, со желби за добро здравје, лична, семејна и општествена благосостојба.
Овие празнични денови нека внесат спокој, мир, радост, љубов и топлина во секој дом, во семејствата и нека го зацврстат заедништвото и меѓусебното почитување кај сите граѓани.
Во духот на христијанските вредности, светите денови нека бидат поттик да се сплотиме околу солидарноста и меѓусебната почит. Сите заедно да дадеме придонес во негувањето и зацврстувањето на универзалните човекови вредности како толеранцијата, слободата, правдата и чесноста, и да овозможиме спокоен и среќен живот за сите.
Ви посакувам убави празнични денови.
Нека ни е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ“.
Скопје, 06.01.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА