Соопштение за јавност
Делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Љубица Јанчева претседателка на Советот на Град Скопје, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 6- годишнината од неговата смрт.
СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заeдништво како во нашата држава, така и во светот, и со тоа ги отвори перспективите за Македониja и нејзините граѓани.
Во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе
.