fbpx

Од слобода гледаме на црниот понеделник, Македонија расчисти со режимот на Груевски кој не смее да се повтори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Денешниот датум, 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници.

Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираа со упад и насилство во Собранието на 27 април годинава.

Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани.

Преку политиките на заедништво, соработка, добрососедство и инклузивност повторно се градат врвните демократски вредности.

Принципот на едно општество, меѓусебното почитување и соработка се гаранција дека таквите денови се дел од темното минато и не смеат веќе никогаш да се повторат.

 

Скопје, 24.12.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести