Вечерва од граѓанската трибина во Охрид, претседателот на СДСМ Зоран Заев ја презентираше програмата на Коалицијата „МОЖЕМЕ“ за Охрид, но и тоа што е сработено во изминатите две години.
Заев апелираше да продолжиме да се бориме за Охрид, и за татковината, затоа што само дома си е дома. И токму поради тоа Владата предводена од СДСМ донесе големите одлуки, без било какви калкулантска за политички кариери или политички рејтинзи.
„Верувам дека уште еднаш ќе покажеме дека ние работиме, не калкулираме. Не водиме сметка само за политичките поени и политичкиот рејтинг туку работиме искрено онака како што треба кон држава и кон својот народ да се поставиме,” рече Заев.
Осврнувајќи се на противникот, Заев додаде „Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата. Tие не можат никогаш да ги фрлат тие маски. Затоа почитувани Охриѓани секогаш ќе дојдам со полно со љубов срце кон Охрид затоа што направивме многу, направивме многу за нашата земја, направивме многу и за Охрид.“