Соопштение за јавност
Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ партијата која што 11 години ги понижуваше и го погазуваше достоинството и трудот на земјоделците и воопшто не се грижеше за откупните цени, денеска да глуми загриженост за откуп на земјоделските производи.
Производителите на пиперки најдобро знаат дека за своите производи добија добри откупни цени, а главниот откуп на пиперки за кој што денеска ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост заврши пред повеќе од 3 недели.
За разлика од понижувачкиот однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку политиките во земјоделството, докажува дека навистина се грижи за вистинските земјоделци и обезбедува сериозна помош за развој на земјоделието како основа за економски раст.
Скопје, 27.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА