fbpx

ВМРО-ДПМНЕ безуспешно се обидува да создаде атмосфера на несигурност, институциите постапуваат, граѓаните да бидат спокојни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да создава атмосфера на несигурност и да ја вознемирува јавноста со лажни вести. Времето кога се сокриваа и заташкуваа насилства и убиства, а криминалците беа заштитени од институциите, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Државните институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи, работат професионално, независно и неселективно во обезбедување на законите и постапуваат по секое незаконско дејствие без разлика кој е нивниот извршител.

Граѓаните треба да бидат спокојни, институциите професионално и независно ја извршуваат својата работа во заштита на законите и интересите на граѓаните.

 

Скопје, 27.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести