Соопштение за јавност
Не постои поголемо и поштетено задолжување на граѓаните, од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години за криминално да се богати раководството на партијата и за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски.
За разлика од криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и споменици, денес парите на граѓаните се користат за повисоки плати, намалени трошоци за живот и поголема државна помош за компаниите.
Предлог Буџетот за 2018 година е буџет за граѓаните и обезбедува финансиска и економска стабилизација на државата. Финансирањето на буџетскиот дефицит за 2018 година е планирано по најповолни услови кои ќе овозможат евтино и навремено сервисирање на долговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ, а средствата ќе се искористат и за повисоки плати во здравството, образованието, одбраната, детската заштита, како и повеќе пари за социјални трансфери и капитални инвестиции, повисоки и навремени субвенции за земјоделците и поголема помош за домашните претпријатија.
Скопје, 13.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА