fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен лажни вести, законските прописи важат за сите подеднако

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести преку кои секојдневно ја манипулира јавноста.

Времето на протекционизам, повластени компании и поединци и договорени тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозција. Денес, воспоставените законски прописи важат за сите подеднакво.

Во конкретниот случај, станува збор за вообичеана административна постапка што се води пред надлежните органи за изградба на хидроцентрали и во моментов е на ниво на вадење таканаречена „лична карта’. Без разлика кој ја предводи владата, започнатите административни постапки мора да течат понатаму.

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат фактот дека Владата предводена од СДСМ и сите учесници во неа продолжуваат да работат одговорно, отчетно, транспарентно и во интерес на сите граѓани.

 

Скопје, 10.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести