Соопштение за јавност
Филипче: Бугарската теза еден народ две држави пропаѓа ако се внесе нивното малцинство во уставот
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, посочи дека сите ветувања на премиерот Мицкоски за време на предизборната кампања се лага.
„Ние не гледаме ниту една иницијатива да се подобрат тие услови за преговарање. Ветувањата на премиерот Мицкоски и благодарение на нивната политика на влошување на односите со соседите, паѓаат во вода и сега тој нема со кого да преговара. Сметам дека на виделина излегува една скриена агенда која што тој не ја кажа за време на предизборната кампања и со тоа ги излажа граѓаните и гласачите, а тоа е неговото ветување дека нешто ќе се подобри“, потенцираше Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека Владата на СДСМ обезбеди преговарачка рамка со која е заштитен македонскиот идентитет, државните и национални интереси.
„ Тоа што е постигнато е една повеќедецениска теза на Бугарија дека ние сме еден народ во две држави паѓа во вода поради тоа што со внесување на бугарското малцинство во Уставот се прави јасна дистинкција македонскиот и бугарскиот народ. Придобивка од целиот тој пакет кој што се нарекува француски предлог е тоа што е точно и јасно прецизирано признавањето на македонскиот јазик во тој договор. И благодарание на тоа на македонски јазик го потпишавме договорот Фронтекс, прв договор кој што е потпишан на македонски јазик, кој што го признаваат сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија. Целата ЕУ стои зад тоа решение“, рече Филипче, додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски треба да сфатат дека веќе не се опозиција и дека имаат сериозна задача и одговорност пред државата и граѓаните.
Скопје, 27.06.2024