Соопштение за јавност
Сокривањата, заштитата и заташкувањата убиства, инциденти и криминали што беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, завршија со ослободувањето и професионализацијата на државните институции.
Надлежните институции постапуваат во согласност со законите и ги расчистуваат сите инциденти без разлика на тоа кои се извршителите.
Наместо очајнички да се обидува да привлече внимание со ширење лажни вери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните институции да ја работат својата работа и до крај да ги расчистат сите незаконски дејствија.
Скопје, 05.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА