fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на фер, слободни и демократски избори и во прв план да ги стави интересите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да најде оправдување за убедливиот пораз на локалните избори за кои и тие самите знаат дека се одржаа во фер, слободна и демократска атмосфера. Граѓаните по подолго време имаа можност да одлучуваат на фер и регуларни избори на кои избраа заокружување на промените и живот за сите во Македонија.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став за непризнавање на изборниот процес, во прв план да ги стави интересите на граѓаните и државата и да даде конструктивен придонес во реформскиот процес што е од суштинско значење за подобар живот за сите граѓани.

Скопје, 30.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести