fbpx

Филипче: Владината коалиција нема план како земјата ќе продолжи напред и со каква временска динамика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – прес конференција на претседателот на СДСМ

Наместо да се служи со демагогија и со дефокус на јавноста, претседателот на СДСМ Венко Филипче побара од владината коалиција да го презентира планот по кој ветуваа дека ќе ја движат државата напред.

„Ниту Мицкоски, ниту целата владина коалиција ЗНАМ и ВЛЕН не кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту со каква временска динамика. Дали постои друга алтернатива, дали има нешто ново или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Според Филипче, францускиот предлог претставува комплексен сплет на документи, во кој влегуваат и преговарачката рамка и Договорот за добрососедство и според кој за прв пат во историјата на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија прашањата помеѓу двете земји се издигнати на ниво на Европската Унија.

„Сметаме дека тоа што јасно ќе биде детерминирано бугарското малцинство во Уставот е сериозна придобивка бидејќи за прв пат после повеќе децении паѓа во вода еден дел од бугарската политика дека ние сме еден народ во две држави што значи дека од национални прашања на ниво на идентитет, тие прашања се сведени на ниво на малцинство“, потенцира Филипче.

Филипче презентираше информации што Социјалдемократскиот сојуз ги има добиено од Брисел, а кои говорат дека за време на состанокот помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел јасно било потенцирано дека не постои можност уставните измени да имаат одложено дејство, ниту пак дека постои можност за промена на преговарачката рамка.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции на Северна Македонија со Европската Унија. Но, само во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски не само што не гледаме никаков напредок на тој план, напротив гледаме влошување на нашата позиција. Прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација во која е усвоена нова резолуција во бугарскиот парламент“, изјави Филипче.

Сепак, во отсуство на реална надворешна политика и волја за решавање на вистинските проблеми на граѓаните, власта ја дефокусира јавноста преку наводни закани за дестабилизација на државата додека возот за ЕУ ни бега – одвоени од Албанија и оставени во групата со Босна и Херцеговина и Молдавија, завршува Филипче.

Последни вести