Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја призна својата безидејност која ја препознаваат веќе и граѓаните.
Хаосот кој што го создадоа откако се на власт на секое поле, падот на платите и економијата, негрижата за високите цени и уништената перспектива се резултат на нивното незнаење и погрешни политики.
Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја признае својата неспособност се обидува да ги убедува граѓаните дека убаво живеат со скапа кампања на билбордите низ земјата.
Наместо да ги вложат тие пари во конкретни проекти, тие решаваат да плаќаат скапи кампањи за лажење на граѓаните и покривање на својата неспособност.
Но, добро е што конечно тоа го признаа и бараат решенија од СДСМ и опозицијата.
СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна опозиција и ќе предлага решенија за секој проблем па наскоро ќе излезе со пакет решенија за да се поправи хаосот и состојбите кои ВМРО-ДПМНЕ само за три месеци успеа го создадоа.
Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе биде доследна и ќе прифати конструктивни идеи и предлози и нема уште еднаш да биде се само дневна политичка пропаганда и манипулација по што се познати.
Скопје, 02.10.2024