Соопштение за јавност
Наводните изборни нерегуларности коишто секојдневно ги измислува ВМРО-ДПМНЕ постојат единствено во нивната пропаганда и нивните лажни вести. Истовремено, ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не знае да функционира во фер и регуларни услови.
Изборниот процес и изборниот ден беа фер, слободни и регуларни, а тоа го потврдија сите надлежни институции. Сите државни институции остануваат посветени на спроведување на фер, демократски и слободни избори и во вториот круг каде што целосно ќе биде испочитувана избирачката волја на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави институциите да ги расчистат евентуалните неправилности и да го признаат поразот на слободните, фер и демократски локални избори.
Скопје, 27.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА