fbpx

Зборот е збор, денес секое домаќинство користи евтина дневна тарифа на струјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Граѓаните ги ползуваат придобивките од одговорното, отчетно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ којашто за неколку месеци оствари клучни ветувања од Програмата за живот со што се решија долгогодишни проблеми на различни категории граѓани и се обезбедија повеќе пари за домаќинствата.

Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето. Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14-16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети.

Истовремено, укината е радиодифузната такса со што дополнително се намалуваат трошоците за живот и остануваат повеќе пари кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорното, домаќинско и транспарентно работење што обезбедува можности за сите и повеќе пари кај граѓаните. По заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани.

 

Скопје, 27.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести