fbpx

Филипче: Нема активни процеси за вработување во здравството, запрени се сите постапки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Нема никакво вработување на 600 лекари во здравството,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, демантирајќи ги владините тврдења за нови вработувања во здравствениот сектор.
Филипче потсети дека на крајот на јуни, Владата донела заклучок со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари. „Напротив, има заклучок на Влада донесен некаде на крајот на јуни, со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари,“ истакна тој.
Според информациите кои ги сподели Филипче, голем дел од здравствените работници кои требало да бидат вработени, веќе заминале во приватниот сектор. „Требаше да се вработат околу 1200 здравствени работници, но голем дел од нив веќе се заминати во приватниот сектор,“ рече тој, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.

Последни вести