fbpx

Заев од Облешево: Земјоделците имаат вистинска поддршка, обезбедуваме рамномерен развој, Крстев нуди иднина за оваа општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Силна поддршка за земјоделците, рамномерен развој на целата општина, инвестиции и нови инфраструктурни проекти најави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната средба со жителите на општината Чешиново-Облешево.

Посочувајќи дека и тој самиот потекнува од село и бил земјоделец, претседателот на СДСМ истакна дека општината Чешиново – Облешево има работлив народ, народ кој што не се штеди да работи, само сака чесно да живее.

„Субвенциите ги има и доаѓаат во вистинско време, тогаш кога најмногу им требаат на земјоделците. За разлика од досега субвенциите ќе доаѓаат кај вистинските земјоделци. Имаме сериозен концепт оваа поддршка секоја години да расте. Ако сме извадиле три тона жито од одредена хектаража или три тона ориз од одредена хектаража, наредната година земјоделецот ќе добие 10 отсто повеќе субвенции од претходната , ако има производство три тона и 300“, најави претседателот Заев.

„Да помагаме на сите без разлика на нивната политичка или друга определеност “, порача претсетдателот Заев и нагласи дека идните градоначалници цврсто ќе се залагаат за концептот општини кои што ќе работат за сите. Тој упати јасна порака дека ќе има рамномерен развој во сите општини, па и во општината Чешиново-Облешево. Со поддршка на централната власт ќе се асфалтираат улици, ќе се прават канализации, ќе се градат градинки подеднакво насекаде.

Претседателот Заев вечерва уште еднаш ги повика жителите на Чешиново – Облешево за неколку денови да донесат промени и во оваа општина. Новиот градоначаланик, Горанчо Крстев, како што рече тој, е човек кој што си ја сака општината и сака да ја направи најдобра во Македонија.

„А за да го постигне тоа, ќе добива поддршка од сите. Зад овој човек, зад Горанчо Крстев Грга стоиме 100 проценти и јас и Владата и Парлементот. Заедно на 29-ти да ја прославиме победата и од понеделник да славиме живот во Чешиново – Облешево за сите“, поентираше Заев.

 

 

 

Последни вести