Соопштение за јавност
Почитувани,
„Сега кога знаеме дека наша е победата, кога железото се кова, да ја испратиме пораката на пријателство, на соживот, на единство затоа што сплотени, здружени заслужуваат граѓаните да очекуваат заедничка иднина во цела Македонија и овде во нашиот Македонски Брод!“ повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата којшто се одржа во Македонски Брод.
Претседателот Заев испрати јасна порака дека новиот градоначалник на општина Македонски Брод, Живко Силјановски заедно со Советот ќе им служи на сите граѓани подеднакво.
„Водиме чесна борба, патриотска борба, родољубска борба за својата општина, за сите граѓани на Македонски Брод, за цела Македонија. Јас сум чесен човек и чесно реков, очекувавме победа, но граѓаните не изненадија многу позитивно. Не изненандија, но и задолжија да работиме чесно, посветено, достоинствено за интересот на сите.“ рече претседателот Заев.
Како прва поддршка за општина Македонски Брод од централната власт, претседателот Заев рече дека ќе биде помошта за финансиска консолидација и стабилизација на општината за да може Македонски Брод за да добие фер шанси и сериозна перпсектива уште од самиот почеток.
„Ќе не гледате овде рамо до рамо и со градоначалникот и со советниците и со месните и урбаните заедници како решаваме еден по еден од проблемите на Македонски Брод, заради тоа што навистина Македонски Брод заслужува комплетна поддршка. Првата главна задача е да го отвориме Македонски Брод кон главниот град. Да изградиме современ регионален пат по сите стандарди.“ порача претседателот Заев.
На самиот крај од своето обраќање претседателот Заев порача дека доаѓа време на сериозна работа во интерес на граѓаните, и време во кое ефектите ќе се почувствуваат во секое семејство ширум целата земја. За таа цел претседателот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш ги повика граѓаните на Македонски Брод да ја дадат својата поддршка на 29-ти октомври, да гласаат за бројот 19 за новиот градоначалник Живко Силјановски, за живот за сите во Македонски Брод.