Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска ги посети граѓаните од населеното место Ропотово во општина Долнени и ја побара нивната подршка за новиот градоначалник на општина Долнени, Билал Каришик во вториот круг од локалните избори.
,,Дојдов вечерва да побарам поддршка и да ви ветам ја имате сто посто мојата поддршка, на владата и на парламентарното мнозинство за сите проекти кои што се во програмата на Билал Каришик.” порача претседателот Заев.
Тој посочи дека развојот на Долнени, на селата, на руралните средини ќе придонесе кон забрзан напредок и на прилепскиот регион и генерално на градовите низ Македонија.
,,Ако граѓаните што ни живеат на село се побогати, ќе ни живеат и градовите” рече претседателот Заев.
За таа цел, како што истакна претседателот Заев ќе се вложува во капитални инвестиции во Долнени затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.
,,Ќе има спортска сала во Дебреште, и ќе има системи за наводнување на сите села и да ќе го изградиме регионалниот пат кој што е крвотокот на оваа општина. Ќе ја имате целата поддршка за секое патче, за секоја локална улица, за секој сокак кој што ќе го градиме овде во Долнени.” соопшти претседателот Заев.
Претседателот Заев потенцираше дека концептот едно општество за сите, концептот на заедништво, сојузништво и единство е единствената иднина на Р. Македонија.
,,Јас знам дека имаме шанси за убава иднина, за перспективи за секое семејство, за заедничка Македонија, за живот во Долнени, за живот во цела Македонија за сите” порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Долнени.