fbpx

Заев: Да гласаме за Жаклина Јовановска, да докажеме дека и Старо Нагоричане може да биде напредна општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Државата мора сериозно да застане зад општините кои се во слаба финансиска состојба и да го помага нивниот развој, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешното обраќање пред граѓаните на општина Старо Нагоричане.

„Ви гарантирам, државата директно ќе интервенира за финансиски да ги стабилизира сите општини, посебно општините што се финансиски заглавени, како што е Старо Нагоричане. Истовремено, соодветно ќе ги поддржиме капиталните проекти. Во 21-виот век, мора да имаме канализациони системи, бидејќи со септичките јами се уште живееме како во 19-ти век. Сета подземна инфраструктура, како што се водоснебителните и канализациони мрежи ќе бидат серионзо поддржани од Владата за кочено да можеме комплетно да ги решиме комуналните проблеми. Во Младо Нагоричане ќе го довршиме водоводот за да има здрава вода за пиење за сите граѓани“ порача претседателот Заев.

Претседателот Заев повика на 29 октомври граѓаните масовно да дадат поддршка на кандидатката Жаклина Јовановска и нејзината програма.

„Имаме можност пред сите да докажеме дека ако се сакало, се можело. Тоа е нашиот предизвик пред којшто сме исправени. Затоа, да ја довршиме кампањата и да гласаме за број 19 и за идната градоначалничка Жаклина Јовановска“ порача Заев.

 

 

 

Последни вести