fbpx

Битиќи: Влада сте, дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење во неколку општини, дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица, Гостивар, и други места, немојте да се реванширате кон граѓаните и општините, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24.

Битиќи запраша кога граѓаните на Струмица и Гостивар ќе добијат вода и што ќе се случи кога граѓаните на Скопје ќе ги искористат резервните делови и залихите оставени од претходната власт.

-Секоја влада која доаѓа на власт, треба да ги решава проблемите на сите граѓани, не на едни или други, порача Битиќи. Нашата држава е заедничка, ако алудирате како ЗНАМ дека горда Македонија треба да биде поделена, тоа е ваш проблем. Ова, е драги граѓани реториката која ја слушаме и замката во која влегуваме, нагласи пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24.

Последни вести