fbpx

Заев: Промените се неопходни, новиот градоначалник Георгиевски, општина Гази Баба ќе работи за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со жителите на село Црешево, општина Гази Баба. Тој побара од жителите на овој регион и во вториот изборен круг да дадат недвосмислена поддршка за кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Борис Георгиевски.

Претседателот Заев најави дека идниот градоначалник Георгиевски ќе работи во интерес, со поддршка на градот Скопје и на централната власт ќе работи во интерес на сите граѓани подеднакво.

„Да ја зајакнеме оваа голема победа, убедени дека навистина промените се здрави. После толку години, во Гази Баба, во целата општина конечно промените може и мора да донесат живот еднаков за сите и во населените места и во урбаното јадро. Кампања е, луѓето имаат право во тие 20 дена да имаат свои определби. После тоа чесно е да работиме за сите граѓани. Кога ќе асфалтираме во Црешево, кога ќе го решаваме водоснабдувањето,кога ќе решаваме канализации, кога ќе градиме спортски терени, кога ќе градиме објекти, кога ќе ја решаваме комуналната сфера овде во Црешево, во Стајковци во сите населени места и во урбаното јадро, нема да бираме дали некои се поважни до другите. Зарем некои куќи се поважни да имаат асфалт повеќе од другите. Не! Ќе работиме за сите подеднакво“, рече претседателот Заев.

Тој ги увери жителите од оваа општина дека за две три години со новиот градоначалник Борче Георгиевски ќе блеска цела Гази Баба подеднакво и во руралниот дел и во урбаниот дел.

„Да си ги развиеме селата како што се градовите, за да нема емиграции од село во град. Оти овде ни е богатството, овде ни е огништето, ни се раѓаат овде деца, редот е овде да чекаме внуци. Единствената иднина за Гази Баба е бројот 19 и Борче Георгиевски“, рече претседателот Заев.

 

 

 

 

Последни вести