Соопштение за јавност
Залудно се обидува Никола Груевски со лаги да го сокрие поразот што го доживеа на локалните избори.
Граѓаните одлучно се спротивставија на неговите поразителни политики за Македонија и ставија крај на криминалот, корупцијата, злоупотребите на институциите, на незаконското масовно прислушување, на навлегувањето во нивната приватност, на монтираните судски случаи, на заканата, на омразата…
Граѓаните, со тоа што го поразија Груевски, се изборија за Македонија и ја обезбедија нејзината сигурна иднина. Неговото криминално време заврши. Македонија сврте нова просперитетна страница и го трасираше патот кон европската иднина.
Новата Влада предводена од СДСМ носи живот за сите, повеќе пари кај граѓаните, функционални и професионални институции кои работата во интерес на сите граѓани. Македонија станува правна држава, законите важат за сите, нема веќе привилегирани граѓани, нема беззаконие, нема корупција.
Скопје, 23.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА