fbpx

Лукаревска: Бараме затворена седница, ВМРО-ДПМНЕ мора да понуди решение за ЕУ интеграцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ бара седница за да го слушнеме лекот на власта за продолжување на европскиот процес којшто го најавуваше во кампањата, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

-Ние и јавноста сакаме да го слушнеме оној лек за евро интегративниот процес којшто го слушавме во рамки на кампањата, да видиме кој е. Да го видиме решението на власта, нивната рамка, временски рокови. Да ја видиме која е содржината на тоа писмо коешто се најавува до европските институции. Власта има обврска за тоа. Патот којшто го поминуваме за членство во ЕУ е макотрпен, еве шанса да ги откочиме тие процеси за земјата да продолжи понатаму, рече Лукаревска.

Затоа СДСМ бара да се одржи една таква седница во Собранието затоа што ова е клучно стратешко прашање, за власта да ја презентира стратегијата, кој е нивниот план и дали има алтернатива ако не успее, потенцираше таа.

-Кога беше актуелен Францускиот предлог ние подадовме рака и ја повикавме опозицијата на лидерска средба за да може заеднички да седнеме. Но денеска што гледаме? Едно се зборуваше пред и во рамки на кампањата друго се зборува сега. Реалноста е таа. Одложено дејство на уставните измени, подобра преговарачка рамка и слично. Но што ако не успее тоа, јавноста нема одговори која е алтернативата, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Последни вести