Соопштение за јавност
Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект
Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект. И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи.
Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки на Владата и потврдува дека не се ефикасни.
Но ја потсетуваме Кочовска дека веќе не е опозиција туку е министерка во Влада и води едно од најважните министерства. Ако не се сложува нека даде решение. Граѓаните очекуваат решенија за намалување на цените а не само мислења.
Исто постапи и со кредитот од Унгарија кога не кажа ниту збор во Собрание.
Граѓаните се оптоварени од поскапувањата, особено во делот на храна. Владата на ДПМНЕ не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот за што цената ја плаќаат токму граѓаните.
За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, Владата да презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект а министерката којашто е најповикана да нема решение туку мислење.
Стандардот на граѓаните опаѓа, потребна е итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати.