fbpx

Заев од Карбинци: Граѓаните се носители на победата, да работиме еднакво за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска имаше свое обраќање пред граѓаните од населеното место Таринци во општина Карбинци.

,,Руралните општини мора да имаат ниво на развој како градските општини” порача претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека преку рамномерен регионален развој ќе се создаваат услови за младите да не ги напуштаат своите родни места. Тој побара поддршка за кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од СДСМ и коалицијата, Јордан Насев.

,,Се обврзуваме на поддршка и сериозен придонес како централна власт за подобрување на севкупниот живот на сите граѓани во Карбинци” порача претседателот Заев.

Претседателот Заев рече дека општините се многу важни за секојдневниот живот на граѓаните од причини што под општините се училиштата, комуналната хигиена, улиците и уличното осветлување, индустриските зони.

,,Карбинци мора да води натпревар со сите општини за повеќе пари, за повеќе инфраструктурни проекти, за повеќе работни места, за подобра услуга кон граѓаните” истакна Заев.

,,Да работиме рамноправно и еднакво за сите” повика претседателот Заев на крајот од своето обраќање пред жителите на Таринци.

 

 

 

 

Последни вести