fbpx

Заев до штипјани: Со ваша поддршка во вториот круг обезбедуваме живот во Штип за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски, денеска се во посета на населбите, Караорман, Сењак и Насеље во Штип каде што разговараа со граѓаните и ја побараа нивната поддршка во вториот круг од локалните избори.

,,Сите граѓани ни се важни, без разлика дали живеат во центарот на градот или во периферијата. Важно е да ве посетиме и да поразговараме со вас за решенијата на овие проблеми што ги имате.” порача претседателот Заев.

Граѓаните од штипската населба Караорман се пожалија на многубројни проблеми поврзани со неасфалтирани, раскопани, тесни и небезбедни улици, недостиг од улично осветлување и како што рекоа, во 21 век се уште има домаќинства во Штип кои не се прикчучени ниту на канализациона ниту на водоводна мрежа.

,,Дојдов да ја побарам вашата поддршка за Благој Бочварски, бидејќи јасно е во кој правец се движи Македонија. На граѓаните доста им е од поделби, сакаат да се зафатиме со решавање на конкретни проблеми. Да обезбедиме живот еднаков за сите” рече претседателот Заев.

Претседателот Заев порача дека доаѓа време на работа во интерес на граѓаните и време во кое проблемите ќе се решаваат низ заеднички дијалог токму со граѓаните.

Во населбата Сењак претседателот Заев порача дека Штип мора да блеска како центар на источна Македонија и изрази уверување дека граѓаните масовно и убедливо ќе ги подржат промените и Штип ќе ја следи пораката што Македонија ја испрати на 15 октомври.

 

 

 

Последни вести