fbpx

Заев: Барам поддршка за Гостивар предводен од Невзат Бејта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Добровечер,
Мирмбрама,
Иакшамлар,

Е ова е Македонија, различна, перспективна, ова е нашата иднина.

Со вашето големо присуство на плоштадот во Гостивар, покажувате пред Македонија, дека имаме заедничко, Македонија, љубов кон Гостивар, заедничка определба за живот за сите. Тоа е единствениот концепт, заедно, сплотени. Така Македонија може да оди напред. Ова го порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната средба со граѓаните на општина Гостивар.

Претседателот Заев побара од граѓаните на Гостивар поддршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на општината и актуелен градоначалник, Невзат Бејта.

-Дојдов во овој убав град на соживотот, да побарам поддршка за Невзат Бејта. Гостивар беше во незавидна состојба затоа што вашиот градоначалник знаеше да пофали и да искритикува кога треба и тоа го фрли во немилост од претходната власт. Мојот другар и добар пријател Невзат Бејта, знам колку си го сака Гостивар и со мала поддршка од централната власт Гостивар ќе блеска, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека целосно застанува зад Програмата на Бејта за Гостивар којашто ќе ги реши проблемите на граѓаните.

-Стоиме целосно зад потребите на Гостивар: трајно решавање на депонијата, реконструирање на главната улица во булевар, обештетување на засегнатите, со што ќе се растовари сообраќајот и ќе се овозможи Гостивар да дише. Вие граѓаните го полните Буџетот на општината, вие ќе кажувате за што ќе се наменуваат парите, дополни претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изрази уверување дека мултиетнички Гостивар ќе ја даде довербата на Невзат Бејта, кој ги познава нивните проблеми и затоа може најдобро да ги реши.

 

 

 

Последни вести