Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ призна дека за 11 години ги презадолжи граѓаните, а парите ги потроши на криминални тендери, скапи фасади и луксузи.
Владата предводена од СДСМ ги сервисира долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи, ги намалува, a парите од буџетот ги насочува за потребите на граѓаните, за повисока минимална плата, за укинување на радиодифузна такса, за воведување на дневна евтина тарифа на струјата, за трајно решавање на статусот на стечајните работници, за субвенциониран годишен одмор.
ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи транспарентно и отчетно со јавните финансии и затоа продолжува да лаже и манипулира со бројки коишто немаат никаква врска со реалноста.
Скопје, 19.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА