fbpx

Борбата против партиските злоупотреби за ВМРО-ДПМНЕ значи закана, инстутуциите ги заштитуваат граѓаните од партиски притисоци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека борбата против партиски злоупотреби на институциите за ВМРО-ДПМНЕ значи закани и уцени.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се навикне дека Центрите за социјални работи нема веќе да се користат и злоупотребуват во предзиборни партиски цели како што правеа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Заврши времето кога државни функционери можеа неказнето да ја злоупотребуваат службената положба за да вршат притисоци, закани и уцени врз граѓаните.

Главен интерес и на Министерството за труд и социјална политика и останатите државни е да работат во заштита на правата на граѓаните. Професионалните и ослодобени државни нема да дозволат злоупотреба на државните ресурси, ќе ги заштитат граѓаните од партиски притсоци и злоупотреби и ќе останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.

 

Скопје, 08.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести