fbpx

Откако ги исече дрвата и ги „бетонираше“ парковите на Трајановски му текна дека треба да се инвестира во зеленило

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Откако ги исече дрвата и ги „бетонираше“ парковите на Трајановски му текна дека треба да се инвестира во зеленило

Откако ги исече речиси сите дрвја, откако го соголи Скопје, на Коце Трајановски му текна дека на градот му фалат зелени површини. Граѓаните на Скопје веќе ги препознаваат неговите лаги.

Коце ако сакаше Скопје да биде зелено, немаше да ги „бетонира“ парковите и немаше да ги исече клучните дрвореди во градот.
Тој заедно со Никола Груевски ги трошеа парите на граѓаните за градски плажи, жални врби, палми, панорамски тркала, од кои никој не виде корист, освен нивниот џеб.
Коце, досега имаше шанса да го реновира и градскиот парк, но тоа не го стори.

Граѓаните ја препознаваат разликата и затоа на 15 Октомври ќе бидат казнети погубните политики на Коце Трајановски и на Никола Груевски. Скопјани сакаат промени, сакаат домаќинско и одговорно работење. СДСМ покажа дека знае да работи домаќински, транспарентно и во интерес на граѓаните. Така ќе продолжи да работи и на локално ниво.

 

Скопје, 08.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести