Соопштение за јавност
Лажните вести објавени од медиумите под контрола на Никола Груевски, нема да му помогнат на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која не плаќа данок, да се спаси од извесниот пораз наредната недела на локалните избори.
Работата и финансирањето на кампањата на СДСМ и коалицијата се целосно во согласност со законите на Република Македонија, а финансиските извештаи реални и објективни. Кампањата е се уште во тек, што значи дека во финансискиот Извештајот се наведени сите фактурирани трошоци и исплатени средства за првиот дел од кампањата и дека истото ќе продолжи во наредниот период до завршување на кампањата и понатаму до затворањето на сметката.
Залудни се обидите на медиумите под контрола на Груевски да ја манипулираат јавноста со лажни и паушални вести. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое не плаќа данок, СДСМ останува посветена на одговорно, чесно и домаќинско финансико работење.
Скопје, 08.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА