fbpx

Спасовски: Се бориме за задоволни и заштитени работници, обезбедуваме поддршка за земјоделството, градиме инфраструктура по план

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вчера имаше средба со жителите на Општина Чешиново Облешево.
Тој на жителите од оваа Општина им порача дека веќе е започната битката за држава во која младите ќе ја градат сопствената среќа.

„Ветивме во планот за живот дека ќе ја зголемиме минималната плата во првиоте 100 дена. Тоа и го направивме. Минималната плата е 12.000 денари и ги опфаќа сите работници на Република Македонија. Со тоа праќаме порака дека оваа Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сака задоволни и заштитени работници, со платени придонеси, социјално и здравствено осигурување. За поддршка на земјоделството во Македонија, ќе воведеме мерки за субвенционирање во семенскиот материјал, ќе извршиме ревизија на доделувањето на земјоделското земјиште. Најважно земјата ќе ја одземеме од тие великопоседници на ВМРО-ДПМНЕ, што ја држеа и ја даваа под закуп и ќе ја дадеме на вистинските земјоделци“, рече потпретседателот Спасовски.

Тој оцени дека овие локални избори се важни, започнатите промени на централно, да се заокружат и со промени на локално ниво, за ослободување на општините и враќање на животото за сите.

„За нас нема важни и неважни општини, нема мали и големи општини. Сите се важни и сакаме за сите граѓани да понудиме еднакви услови за живот. Без разлика дали живее во град или на село мора да има основни услови . Мора да обезбедиме и чиста вода за пиење, мора да воведеме фекални канализации, мораме да изградиме патишта, Македонија да биде држава без кал, држава каква што доликува во 21 век“, порача потпретседателот Спасовски.

Спасовски ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги поддржат кандидатите на СДСМ и коалицијата.

 

 

 

 

Последни вести