fbpx

Заев: Има пари во Македонија, но потребна е чесна политика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната отворена дебата со граѓаните на Штип посочи дека во државата има доволно пари за да се опфатат потребите на сите, но за тоа потребна е чесна политика и нивно искористување за решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

Како доказ за тоа, претседателот Заев го посочи примерот со тендерите на новата Влада кои во просек се поевтини за 70 отсто од претходните, а со парите од заштедите се враќаат назад кај граѓаните.

„Ако направиме паралела на сегашните тендери што се спроведуваат со оние на претходната власт, ќе се забележи дека тие се од 10 до 300 отсто поевтини од претходните. Пример е тендерот во РЕК Битола, 144 денари чинел кило џул ископ на јаглен, сега е 44 денари и тоа функционира. Значи дека некој си ставал во џеб сто денари. Само од еден тендер заштедивме девет милиони евра.“ истакна претседателот Заев.

Претседателот Заев истакна дека принципот на управување со јавните ресурси и со јавните пари е да се вратат што повеќе пари назад кај граѓаните за остварување на нивните потреби.

„Луѓето со најниски примања, можат да аплицираат за годишен одмор. Определивме еден милион евра за тие луѓе со своите семејства да можат да искористат можност да посетат некое туристичко место, на езеро или планина на седум дена и тоа го плаќа државата. Целта е некакo да вратиме кон нашите сограѓани.“ истакна Заев.

 

 

 

Последни вести