fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и регуларни услови, институциите се посветени во спроведување на фер и слободни избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес, па затоа не може да престане со ширење лажни вести. Времето на злоупотреба на државните ресурси, партизацијата на институциите и нивно претворање во ВМРО-МВРО заврши со заминувањето на Никола Груевски во опозиција. Денес, државните институции работат слободно, професионално и се посветени на спроведувањето на фер, демократски и слободни избори.

Владата предводена од СДСМ, премиерот, министрите во владата и сите останати државни функционери не користат државни ресурси за изборната кампања.

Залудни се празните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе овозможат фер, слободни и демократски избори на кои граѓаните ќе стават крај на криминалното, неспособното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 07.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести