fbpx

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи

Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари.

Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.

Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.

За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.

После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.

СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.

Последни вести